ВЕСТИЗДРАВСТВО

Здравствените работници се закануваат со масовни протести

Синдикатите на здравствените работници се закануваат со протести доколку новиот министер за здравство и Владата не ги разгледаат нивните барања за измени во предложениот закон за плати. Од Синдикатот велат дека се спремни средба да чекаат до крајот на следната недела. Ако не дојде до тоа, ќе има протести низ цела Македонија.

Advertisements

Покрај Синдикатот на Клиничкиот центар во Скопје, кон барањето за измени во законот за плати со цел нивно зголемување се приклучија и многу други синдикати кои го изразија својот револт за непочитувањето на нивните барања од страна на власта.

Контактиран од АЛСАТ, министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека следната недела се очекува да има неформални средби со претставници на синдикатите и да одлучи за следните чекори.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button