ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Димитријевиќ беше уапсен во Хрватска во 2021 година
Димитријевиќ беше уапсен во Хрватска во 2021 година

Во компанијата „ЕПТИСА“ како француско-шпански конзорциум, лидер на менаџерскиот тим е Бранислав Димитријевиќ, обвинет во Ерменија за измама. Алсат ден претходно го објави ексклузивниот документ преку кој дипломатската мисија во Загреб, Хрватска, ги известува властите во Скопје за апсењето на Димитријевиќ врз основа на меѓународна потерница на Интерпол.
Тој бил уапсен на 21 април 2021 година и притворен во истражниот затвор Осијек, до подготовката на документацијата за екстрадиција во Ерменија, земја во која Димитријевиќ бил баран за најмалку три кривични дела./Алсат.мк
Адријан Керими