Училиштето во Вешала, од 450 деца остана само со 16

Три години ова е единствениот ученик. Единствениот соговорник со кој го дели часот е наставникот. Милот Шехаби од шарското село Вешала вели дека најголема желба му е да има другари.
„Сам сум во училница, до четврто одделение бевме двајца, но сега сум сам. Лошо е, би сакал да имам соученици“, рече Милот Шехаби – ученик во шесто одделение.
Новинарот: Милот, како одиш на час по физичко, дали имаш пријатели за кошарка или фудбал?
„Не, со другите паралелки комбинираме три на три, тоа е се.
Наставникот на Милот, Селајдин Рушани вели дека пред 15 години училиштето на Вешала имало над 200 ученици.
„Во последно време имаме еден или двајца ученици, најмногу тројца. Многу е болно затоа што во ова училиште имаше многу ученици, бидејќи јас сум таму од 1986 година, во 2000 година имавме 450 ученици, и беше задоволство да се работи со многу ученици и беше многу подобро. Имавме волја да работиме со деца. Денеска го имаме само Милот, кој е многу добар ученик. Повеќе зборуваме отколку предаваме, седиме ваму-таму и разговараме и ги правиме вежбите заедно“, изјави Селајдин Рушани – наставник во ОУ.БЕСА село Вешала.
Основното училиште Беса во село Вешале, кое некогаш броело над 400 ученици, денеска има само 16, со одлука на општината, ќе биде целосно затворено, додека учениците ќе бидат префрлени во основното училиште во Мала Речица. Ова е крајно болно, вели директорот на училиштето, кој се обидува да ги држи отворени вратите на училиштето.
„Училиштето во „Вешале“ последниве години доживеа вистински шок, бидејќи оваа учебна година во приградското училиште во Бозовца не беше пријавен ниту еден ученик и тоа многу не загрижи. Сега одлуката на општината да не префрли, не е најдобро решение, но барем вработените да не останат без работа, па од две зла ова е помалото зло“, додаде Шефајет Рамадани Директор на ОУ БЕСА с.Вешале.
Со затворањето на ова училиште учениците ќе патуваат во Мала Речица, а превозот ќе го обезбеди општина Тетово.
„Ова префрлање на адресата на училиштето се прави токму со цел наставниците и вработените кои се таму да продолжат со својата работа, затоа ја подготвуваме и новата реонизација на училиштата, бидејќи според статистиката што ја направивме, во рамките на првото и второто полугодие, од основните училишта примиле 143 ученици, додека од средните училишта 49 ученици, што значи осум паралели помалку од лани“, рече Назми Даути – Сектор за јавна дејност на општина Тетово.
Многу жители на Вешала го напуштија своето место на живеење. Меѓу главните причини беше недостатокот на инфраструктура и условите за живот. Од над 200 семејства кои живееле во ова село до 2005 година, останале само 30./Алсат.мк
Башким Сулејмани