ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска го распиша огласот за приватните превозници

Како што беше најавено, Град Скопје денеска распиша оглас за вршење јавен лински автобуски превоз на кој ќе можат да се пријават приватните превозници, истите оние што пред четири месеци престанаа да сообраќаат и протестираа поради неисплатен долг од 1,5 милиони евра од страна на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кое е под надлежност на Градот.

Advertisements

„Право на учество на јавниот оглас за доделување на пакетите линии и за давање дозволи за вршење линиски превоз на патници во градот Скопје од доделениот пакет имаат превозници – правни лица и трговци поединци, поединечно или организирани како група, кои ќе ги исполнат условите утврдени во документацијата за јавниот оглас и ќе достават банкарска гаранција или ќе го уплатат гарантниот депозит за учество на јавниот оглас“, се наведува во јавниот повик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button