СПОРТ

ВИДЕО / Cтраотниот пад во финалето на трката на 60 метри со пречки

Шпанскиот атлетичар Енрике Љопис итно беше префрлен во болница по страотниот пад во финалето на трката на 60 метри со пречки на Европското првенство во сала. Љопис беше еден од претендентите за медал, но непосредно пред целта со нога ја фати последната пречка и ја повреди главата.

Advertisements

Медицинскиот тим веднаш влезе на патеката, а персоналот го опколи спортистот и го блокираше погледот на публиката за тоа што се случува во Атака арената во Истанбул. Тој беше изнесен на носилки со имобилизиран врат. Шпанската атлетска федерација подоцна објави дека на Љопис се чувствува добро.

Златото на оваа трка го освои Швајцарецот Џејсон Џозеф пред Полјакот Јакуб Шимански./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button