СПОРТФУДБАЛ

Аријан Адеми потпиша за Беижинг Гуан, договор вреден 9 млн евра

Македонскиот репрезентативец и капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми ставил потпис на тригодишен договор со кинескиот клуб Беижинг Гуан, вреден околу девет милиони евра.

Advertisements

Новиот клуб на Адеми ги решил финансиските проблеми и долговите кон одредени играчи поради кои не смееја да реализираат нови трансфери, а нашиот репрезентативец ќе има загарантирана плата од три милиони евра по сезона, што значи дека вкупно за тригодишниот престој во Кина ќе заработи нешто над десет милиони, сосе предвидените бонуси и дополнителни клаузули.

Адеми добил силни гаранции дека договорот со кинескиот клуб ќе биде максимално испочитуван, а тој добил дозвола за трансфер од неговиот Динамо Загреб каде помина неверојатни тринаесет години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button