ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
(Видео) Блокирана улицата под Кале по двојното убиство

Алсат пренесува снимка од местото на настанот каде вечерва две лица се убиени, а едно е повредено.
„На 06.03.2023 година во 20:11 часот во СВР-Скопје, пријавено е дека во хотелски објект во Скопје, од лица пукале со пиштол кон Ј.К. и Е.И. кои гпочинале на местото на настанот како и на А.Т. кој се здобил со повреди и бил препратен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.