ВЕСТИСВЕТ

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Филипините, со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала, соопшти денеска Американскиот сеизмолошки институт . Земјотресот не бил на голема длабочина, а се случил околу 14 часот по локално време во близина на селото Сан Маријано во провинцијата Давао де Оро, на јужниот филипински остров Минданао.

Advertisements

Локалните власти предупредуваат на можна материјална штета и дополнителни последователни потреси. Засега нема информации за предизвикана штета и жртви. Локалните власти изјавија дека се проверуваат информациите за лизгање на земјиштето на националниот пат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button