СПОРТФУДБАЛ

ФА нема да покрене никаква постапка против португалскиот фудбалер

Фудбалската Aсоцијација на Англија (ФА) нема да покрене постапка против капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Португалецот се најде во неволја по инцидентот со помошникот судија на натпреварот со Ливерпул во Премиер лигата.

Advertisements

Во неделата на „Енфилд“, Јунајтед загуби од Ливерпул со 0:7 и го претрпе најтешкиот пораз од декември 1931 година. Во текот на второто полувреме, Фернандеш, кој беше вклучен во бројни инциденти во играта, го турна помошниот судија во близина на аут-линијата кога минуваше зад него, објави денеска „Скај Cпорт“.

Инцидентот го виделе судијата и неговите помошници, но не бил вклучен во извештајот од натпреварот. ФА одлучи да не покренува никаква постапка против португалскиот фудбалер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button