ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Топло со температури до 20 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Advertisements

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневна температура до 19 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде претежно облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено долж Повардарието. Во Скопје облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 18 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button