СПОРТ

Францускиот тенисер се врати, но веднаш загуби во Индијан Велс

Францускиот тенисер Гаел Монфис по пауза од повеќе од седум месеци се врати на тенискиот терен, но очекувано, немаше позитивен кам-бек.

Advertisements

На Мастерсот во Индијан Велс францускиот ас загуби од Џордан Томпсон со 6-3, 6-1. Тоа беше само втора победа на Австралијанецот сезонава, а сега во второто коло го чека вториот носител Стефанос Циципас.

Свој кам-бек имаше и Џибинг Ву, кој заигра за првпат по титулата во Далас и го совлада Јауме Мунар со 6-7/6, 6-0, 7-6/3. Кинезот испуштија брејк и сет топка во првиот сет, но се избори за пресврт и обезбеди судир со Алехандро Давидович Фокина.

Ривал во второто коло доби и Данил Медведев. Тоа е Американецот Брендон Накашима, кој со 7-6/7, 6-3 го совлада својот сонародник Џон Иснер. Јиржи Лехечка продолжува со одличните игри оваа сезона. Во Индијан Велс го совлада Артур Риндеркнеш со 7-6/4, 7-5 и закажа пресметка со Андреј Рубљов во второто коло./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button