ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„ЕПТИСА“ и „Евроконсалтинг“ не ја смениле сопственоста

Ниту „ЕПТИСА“, ниту „Евроконсалтинг“ како дел од групата компании за надзор на работите што треба да ги врши меѓународниот конзорциум „Бехтел-Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10-Д, не ја промениле сопственоста. Алсат дојде до два документа кои ги демантираат претставникот на „ИРД инженеринг“ во Скопје, Дарко Спироски и првиот вицепремиер Артан Груби.

Advertisements

Овој документ ја докажува спротивната верзија. Сегашната состојба во Централниот регистар обезбедена на 8 март 2023 година докажува дека Бранислав Димитријевиќ и понатаму стои како основач и сопственик на „Евроконсалтинг Скопје“. Партнер му е лицето Елисабета Иванова.

„ЕПТИСА ја променила сопственоста. Станува збор за сосема нова компанија, не е фирмата од 2020 година за одлуката на која се повикувате“, рече вицепремиерот Груби.

Ова е уште еден документ кој пак, го демантира вицепремиерот Груби. „ЕПТИСА“ се чини дека нема промена на сопственоста од 2016 година, освен одлуката компанијата да потпише стратешки сојуз со кинескиот гигант „ЈСТИ Груп“ во 2016 година. Од податоците на Централниот регистар, „ЈСТИ Груп“ излегува дека е вистински сопственик на „ЕПТИСА“ во Шпанија и „ЕПТИСА“ со претставништво во Скопје.
Вистината е поинаква. Според законските одредби, за секој нов проект правното лице добива посебен даночен број, но не и нова сопственост како што тврдат вицепремиерот Груби и претставникот на ИРД Инженеринг, Спироски. Од ова излегува дека ЕПТИСА и „Евроконсалтинг“ имаат иста сопственост. Но, јавноста се доведува во заблуда поради евентуална неинформираност на вицепремиерот и претставникот на „ИРД инженеринг“. Владата вчера го потпиша договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-Д.

Надзор ќе им бидат „ИРД инженеринг“, „Електра консалтинг“, „ЕПТИСА“ и „Евроконсалтинг“. Ова е компанија основана од Димитријевиќ обвинет за измама во Ерменија и уапсен во Загреб во април 2021 година врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button