МАКЕДОНИЈА

Бубевски: Обдукцијата е завршена, на местото на убиството пронајдени околу 40 чаури

Предметот за двојното убиство кај Скопската чаршија е во предистражна фаза, а обдукцијата на телата е завршена, информираше во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат шефот на Основното јавно обвинителство во Скопје, Гаврил Бубевски. Без изнесување детали од обдукцискиот извештај Бубевски со јавноста сподели дел од досега познатите информации.

Advertisements

„Од прилика 40-50 чаури се пронајдени околу телата на убиените…најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор од тоа“, рече Бубевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button