ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одложено судењето за случајот со дебарската родилка Веапоска

Поради хируршка операција врз еден од адвокатите на обвинетите, денешното судско рочиште во Охрид за случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, беше одложено. Станува збор за случајот од 2020 година. Откако била породена со царски рез во струшката болница, лекарите ѝ ги извадиле и матката, еден јајник и еден бубрег. Лекарите се обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето. Процесот почна во јуни лани и досега се одржа само на едно рочиште. Првообвинетиот доктор Мухамед Асани денеска не сакаше да даде изјава. Второобвинет е неговиот син Блертон Асани, а трето обвинета е докторката Љиљана Јованоска. Тие претходното рочиште се изјаснија за невини. Веапоска обвинува дека лекарите и нивните адвокати се обидуваат да го одолговлекуваат судењето.

Advertisements

„Постапката се одолговлекува уште од самиот почеток, уште од лекарската комора, Министерството за здравство па сè до тука. Но, колку и да се одолговлекува постапката, еден ден ќе дојде крајот и мислам дека правда треба и мора да има за овој случај… Се лекувам на психијатрија, сè повеќе ми се влошува здравјето и физички и психички“, рече Јилдиз Веапоска-оштетена.

„Премногу време одминува по однос на ова судење. Очекувам дека од следното рочиште ќе се забрза целиот процес и ќе дојдеме до првостепена пресуда во најбрз можен рок“, изјави Сашо Јанев-адвокат на Веапоска.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button