ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расте меѓународната загриженост за корупцијата во земјава, реагира и Лондон

Расте меѓународната загриженост за корупцијата во земјава, реагира и Лондон

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич, ги повика сите политичари во земјава добро да размислат што е во најдобар интерес на државата и граѓаните. Тој во интервју за МИА изјави дека граѓаните на С Македонија ја гледаат корупцијата како еден од главните проблеми во државата, па Владата мора да докаже дека се бори со оваа појава.

Advertisements

„Анкетите овде покажуваат дека мислењето, граѓаните на Северна Македонија ја доживуваат корупцијата како проблем. Владата мора да докаже дека се справува со овој проблем. Постоењето на независен систем за назначувања врз основа на заслуги, на пример, транспарентен изборен процес на лица на клучни позиции, вклучувајќи судии, членови на Комисијата за борба против дискриминацијата и лица на високи раководни позиции, претставува добра основа, заедно со потребата од транспарентност и отчетност во повеќе јавни институции“,рече Стјуарт Пич, Претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Пред неколку дена, американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, јасно стави до знаење дека борбата против корупцијата останува во фокусот на американската политика. Агелер во неколку наврати нагласи дека ќе има луѓе кои ќе се најдат на американската црна листа поради корупција.

„Корупцијата во некои нејзини форми се случува секој ден, така што има луѓе кои вреди да се земат предвид, а бидејќи системот во Вашингтон е многу внимателен во овој дел, потребно е време за криминални истраги, за да се осигураме дека да не биде ставен некој на списокот што не припаѓа на таа листа… Мислам дека во следните неколку месеци ќе видиме име или две и тоа ќе биде процес што ќе продолжи“, изјави Анџела Агелер, Амбасадорка на САД..

Во меѓувреме, амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, пред неколку дена изјави дека во С Македонија не се работи за идентификување поединци, туку е потребна целосна промена на системот за институциите да можат да се борат против корупцијата и да ги натераат сите да разберат дека нема толеранција. За една деценија ЕУ инвестираше повеќе од 140 милиони евра, а САД повеќе од 60 милиони долари за борба против корупцијата, но земјава и понатаму останува на дното на листите на меѓународни организации. Според индексот на перцепција на корупцијата, С Македонија е на 85-то место./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button