ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За една година за храна трошиме 25% повеќе, нешто вредело 1.000 денари, сега чини 1.250

За една година за храна трошиме 25% повеќе, нешто вредело 1.000 денари, сега чини 1.250

Порастот на трошоците на домаќинствата за храна од 25 отсто за една година покажува дека производите кои на стартот од 2022 година чинеле 1.000 денари, сега за истите се потребни 1.250 денари. Граѓаните секојдневно се соочуваат со ценовни шокови и покрај владините мерки кои беа и сè уште се во сила. Лебот за една година поскапе речиси двојно, месото и млечните производи стана луксуз на трпезата. Нема поевтин млечен кашкавал или кравјо сирење кое чини под 450 денари за килограм. Млекото кое домаќинствата најчесто го користат за најмладите се движи од 70 до речиси 90 денари.

Advertisements

Раст на трошоци на живот
Февруари 2022 / 2023
Леб 40%
Месо 30%
Млеко, сирење, јајца 37%
Масло ја јадење 17%
Кондиторски производи 18%

Со последната мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени производи не се прави со цел компаниите да останат без профит, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Тој во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека Владата нема да дозволи богатење на поединци искористувајќи ја кризата. Неговите информации се дека неколку големи компании од пекарскиот сектор клановски се организирале да ги формираат цените на лебот и пекарски производи.

„Ниту еден од производителите нема да загуби, во спротивно предвиден е профит за нив, но не да има воено профитерство и да го користат моментот за да направат дополнителни профити“, рече Крешник Бектеши министер за економија.

Од Институтот за економски анализи Фајнанс Тинк велат дека инфлацијата постепено забавува.
ВИЗАРД

„Овој раст на цените и понатаму е доминантно движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но пренесените ефекти врз пошироката потрошувачка кошничка и растот на личната потрошувачка го оправдуваат монетарното затегнување кое налага поголема внимателност и рестриктивност од страна на фискалната политика“, велат од Институт за економски анализи.

Претходно, Владата реши да ја прекине мерката за прехранбениот сектор кој добиваше субвенционирана струја за производството, но со устен договор дека ќе ги намалат цените на крајните производи за граѓаните. Тоа не се случи, односно дури 70 отсто од компаниите кои трошеа струја која им ја плаќаа граѓаните, постапија спротивно на договореното. Не ги намалија цените, туку си го зголемија профитот врз грбот на потрошувачите./Алсат.мк

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button