ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За неполна недела нов вооружен инцидент во Скопје

За неполна недела нов вооружен инцидент во Скопје

Во вооружената пресметка после полноќ во Скопје учествувал и полицаец. Министерството за внатрешни работи во официјалното соопштение информира дека во близина на населбата Радишани две возила му го блокирале патот на друго возило во кое имало три лица, од кои едното полицаец кој не бил на должност. Од двете возила излегле неколкумина и почнале да ги удираат луѓето во блокираното возило. МВР соопшти дека полицаецот со иницијали П.П., со службениот пиштол пукал неколку пати во воздух, при што дел од напаѓачите избегале. Двајца од нив со иницијали Н.Б. и Е.Б., кои биле во возило БМВ, веднаш по инцидентот биле уапсени. На нападнатиот полицаец и двајца други им била пружена лекарска помош во Клиничкиот центар во Скопје. Министерот Спасовски очекува наскоро да бидат уапсени и останатите напаѓачи.

Advertisements

Спасовски вели дека според првичните информации, последниот случај не е поврзан со двојното убиство што се случи пред неколку дена во скопската чаршија. Спасовски тврди дека има напредок во истрагата.

На 6 март маскирани напаѓачи убија две лица во кафеана во скопската чаршија, а уште едно беше повредено. Полицијата потоа пронајде опожарено возило за кое постои сомневање дека убијците го искористиле за да избегаат./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button