Пендаровски бара извинување од Бугарија за депортацијата на македонските Евреи
Пендаровски бара извинување од Бугарија за депортацијата на македонските Евреи

Со разни активности денеска беа одбележани 80 години од Холокаустот. Претседателот Стево Пендаровски, рече дека Бугарија треба да се извини за улогата на тогашната профашистичка Влада во депортацијата на македонските Евреи.
Шефот на државата нагласи дека живееме во критично време кога се намалува бројот на преживеани сведоци на холокаустот, а антисемитизмот се зголемува. Затоа, според него, институциите се обврзани во програмата да вклучат задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје за младите генерации да се едуцираат за вистината на овој геноцид извршен за време на Втората светска војна.
Одбележувањето на годишнината започна со марш од Музејот на Град Скопје до Тутунскиот комбинат. На 11 март 1943 година, 7.144 мажи, жени, деца и стари лица во три конвои биле однесени на железничката станица од дворот на Монополот во Скопје, а по неколку недели депортирани во логорите на смртта./Alsat.mk