ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Со „артанистички“ дух ниту два километри од Скопје- Блаце не се направени

„Имаме влада во која за неколку месеци ќе го пречекаме првиот премиер Албанец“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Advertisements

Ова е ветувањето што високи функционери на ДУИ постојано им го даваат на своите поддржувачи на собирите. Меѓу постигнувањата за правична застапеност го вбројуваат и првиот премиер Албанец, што, како што рекоа, ќе треба да се оствари на 100 дена пред изборите. Меѓу неисполнетите ветувања се вбројува првиот премиер Албанец и кај, таканаречената „Огнена група“ на ДУИ.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој и претходи на групата незадоволни, на средбата со жителите на Требош во Полог, рече дека и покрај тоа што имаат важни функции, нема резултати од функционери на ДУИ во Владата.

„Речиси целосно го загубивме Полог, со Артан и Артани, кои создадоа „артанистички“ дух кај министрите и активистите, а со нас се однесуваат полошо од опозицијата. Албанците имаат позиции како никогаш досега, претседател на парламентот, половина од министрите, 80 проценти од економските ресори, а ефект нема. Нема инвестиции, не се презема иницијатива од Артан Груби кон децентрализација, кон зајакнување на албанскиот јазик, не се казнуваат институциите што не го спроведуваат. Нема капитални инвестиции, нема патишта во албанските населби. Зборува за коридор 8 а Скопје-Блаце 2 километри не се направени“, рече Меџити.

Првиот вицепремиер Артан Груби барањето на „огнената група“ го оценува како несериозно и бара од нив да го следат примерот на нивниот претседател Ахмети.

„Сега кога го достигнуваме највисокото ниво на владеење на албански сојуз, аздисавме, се разгаливе велиме отстранете еден, ставајте друг. Ова е грев кај Бога, верувајте, грев е за секој од нас, од вас, да не зборуваме за Али Ахмети. Кога Али Ахмети имал функција? Кога сакал да стане претседател на парламентот, или премиер или претседател на државата? Неговата фигура е за претседател на албанштина. Но, кога посакал? Тргнете го Талат затоа што сакам да дојдам овде. Ослободете се од Артан затоа што тоа е мое место“, рече Груби.
Груби и функционери на ДУИ зад него се сретнаа со жителите на Скопје.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button