
Решавањето на спорови помеѓу компаниите пред арбитража во земјава сè уште не е атрактивен метод за стопанствениците. И покрај тоа што e побрз, поевтин и поефикасен, засега многу малку деловни случаи се решаваат по пат на арбитража. Освен спорови помеѓу компании, во Македонија има и закон со кој работникот на ваков начин може да поведе постапка против приватна фирма и против државна компанија или јавна институција. Арбитражата е денешната тема на Економски магазин на Алсат вечерва во 22 часот и 20 минути.
„Да се предвиди, во случај на спор, странките истите ќе ги решаваат пред Постојан суд – Арбитража во согласност со правилата за неговата работа. Тоа е единствено нешто што треба да се направи за да може повеќе да се користи арбитражата“, рече Елена Милевска Штрбевска, претседателка на Постојниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора.