На зелените пазари не се задоволни ни продавачите, ни купувачите

Ниту продавачите, ниту купувачите не се задоволни од високите цени на овошјето и зеленчукот. Економската криза ги принудува граѓаните да купуваат сè помалку или да ги набавуваат само неопходните продукти. Продавачите пак, се жалат дека едвај врзуваат крај со крај. Купувачите пазаруваат на парче.
„Воопшто не сме задоволни, нема продажба…нема сметка, сега сè е поскапено. Сега нема ниту работа, не можеме ни тезгите да ги платиме“, рекоа продавачите.
„Многу поскапеа, за разлика од пред неколку години очигледно пораснаа многу. Мора да купуваме, сакале или не, мора да купуваме…“
„Цените се многу високи, кој има пари за него е добро, кој нема само гледа и си оди. Купуваме сè помалку затоа што ни даваат помалку пари. Купуваме колку што имаме можност…“, рекоа граѓаните.
Запрашан дали има простор за намалување на цената на овошјето и зеленчукот, министерот за земјоделство Љупчо Николовски вели – министерството не ги регулира цените, туку само ги поддржува земјоделците да го зголемат домашното производство. Таквата цел била постигната кај сончогледот, житарките и другите значајни култури.
На прашањето дали министерството има механизам да ги заштити сточарите поради замрзнувањето на цените на млекото од утре, Николовски со одговор дека министерството дава поддршка преку субвенции и други програми за сточарите поради зголемените трошоците за производство.
Ајнур Бафќари