ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Евро консалтинг“ останала без лиценца за надзор пред да се потпише со „Бехтел-Енка“

Компанијата која ќе ги надгледува работите на Коридорите 8 и 10-Д, „Евро консалтинг“, основана од Бранислав Димитријевиќ, останала без лиценца за надзор на работите 4 дена пред да се потпише договорот со меѓународниот конзорциум „Бехтел Енка“. Документот до кој дојде Алсат, предвиден со деталниот договор за изградба на коридорите, покажува дека на „Евро консалтинг“ на 4 март 2023 година ѝ истекла лиценцата тип А за надзор на работи од прва категорија.

Advertisements

Прашани во Министерството за транспорт и врски, ни рекоа дека новата лиценца ѝ била издадена еден ден подоцна, поточно на 5 март, иако во договорот стои документот со кој се докажува истекување на лиценцата.

„Компанијата има важечка лиценца за надзор (Н.004/А) со времетраење од 05.03.2023 година до 05.03.2030 година. Има и лиценца за проектирање (P.012/A) со времетраење од 05.03.2023 до 5.03.2030 година“, рекоа од Министерството за транспорт и врски.

Законот за јавни набавки предвидува консултантот кој е пријавен на тендер за надзор, меѓу другото, мора да има и активна лиценца, но тоа што договорот е однапред потпишан меѓу компаниите за надзор, предводени од „ИРД Инженеринг“, во оваа точка нема ништо што се коси со законот.

Додека Владата и Јавното претпријатие за Државни патишта го штитат кредибилитетот и имиџот на надзорните компании, пред неколку дена медиумите објавија информации за другата фирма која е дел од оваа групација. „Електра Солушнс“ имала најголемо искуство во производство на долна облека. На нејзино конто ќе легнат цели 8,3 милиони евра од вкупно планираните 22,3 милиони, предвидени за надзор на работите на Бехтел-Енка.

Покрај производствената активност и неусогласеноста со важноста на проектот, компанијата на Андон Ампов е запишана истата адреса со компаниите кои влијаеле за да се прекине првиот тендер за надзор, односно компанијата ИГХ и Институтот за патишта. Хрватската ИГХ не успеа да обезбеди банкарски гаранции бидејќи нивните пари останаа блокирани во руските банки.

И покрај доказите кои произлегоа во јавност за надзорните компании како „Евро консалтинг“, основана од обвинет за измама, „Електра Солушнс“ компанија со искуство во производство на текстил и компанијата „ЕПТИСА“ како компанија за која Владата претходно донесе заклучи дека се занимавала со незаконски дејствија, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција веќе две недели стои со скрстени раце. Не презема ништо за да ги испита евентуалните неправилности.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button