ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај промовираа договор со фабрика за гаќи

Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај промовираа договор со фабрика за гаќи. Постои ли дно кое не можат да го пробијат, прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со надзорот на градбата на коридорите 8 и 10-д.

Advertisements

„Ковачевски и Груби ја срамат Македонија, даваат тендер за надзор која нема еден ден искуство, а лиценцата ја добива во сред постапка за поднесување пријави. Лага беа тврдењата на Ковачевски и Груби дека надзорот оди кај странски експерти. Две третини од парите одат кај фирмата за гаќи ‘Електра Солушн’ и ‘Евро Консалтинг’ на криминалец баран со меѓународна потерница. Единствени странци во проектот се еден државјанин на Хрватска, адвокат, двајца од Србија, инженери, еден од Црна Гора и директорот на ‘ИРД’ од Италија кој ќе се наплати над еден милион евра. Најголемиот број од петте странци се вклучени во преговорите со изведувачот, и не се за надзор, надзорот 99 отсто ќе се врши од страна на домашни лица. Лага е дека надзорот е скап заради странски експерти“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потенцираат дека „Ковачевски и Груби се фатени во шема која смрди на корупција, која очигледно само на ЈО не ѝ мириса“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button