Ковачевски оствари средба со Борел и Вархеји во Владата

Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата ги пречека и оствари средба со високиот претставник за надворешна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Средбата со Борел и Вархеји, Ковачевски ја остварува пред почетокот на 16. Совет за стабилизација и асоцијација помеѓу РСМ и ЕУ, што ќе се одржи денеска во Скопје, а со кој ќе претседава македонскиот премиер.
Пред почетокот на Советот, Ковачевски во разговор со Вархеји и Борел им се заблагодарил за нивниот придонес, како и на европските партнери, за заедничкиот успех во отворањето на преговорите на земјава со ЕУ лани во јули.
„Владата на Република Северна Македонија е фокусирана на европската агенда, работи на имплементацијата на реформите, на унапредувањето на соседските односи во духот на европските вредности и е посветена на успех и во следниот исчекор во евроинтеграциите“, нагласил Ковачевски за време на средбата со европските претставници.