Курти за утрешната средба со Вучиќ: „Србија веќе капитулираше во Куманово во ‘99“
Курти за утрешната средба со Вучиќ: „Србија веќе капитулираше во Куманово во ‘99“

Косовскиот премиер Албин Курти во ексклузивното интервју за емисијата 360 степени на Алсат изјави дека утре во Охрид каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, оди со доверба за договор. Курти рече дека не може да има капитулација на Србија во Охрид бидејќи тоа веќе се случило во Куманово.
„Заинтересиран сум за договор, одам со добра волја, со добра намера и со добра доверба да ги нормализираме односите со Србија. Во Охрид не може да има капитулација на Србија бидејќи тоа веќе се случи во Куманово на 9 јуни 1999 година“,рече Албин Курти, премиер на Косово.
Курти ги коментираше и песимистичките изјави на српскиот претседател Вучиќ.
„Ја слушнав оваа изјава дека априори се отфрла некаков договор во Охрид. Мислам дека ова не е конструктивен и посветен пристап. Не велам дека ако нема потпис, тогаш сме потпишале спор, но не можам да кажам дека и без потпис може да се нарече договор со сите умови. Повторувам дека ќе бидам посветен, конструктивен и креативен и оти ќе одам со добра волја, намера и доверба, но секако дека тоа не можам да го гарантирам и за другата страна“, нагласи Албин Курти, премиер на Косово.
На средбата Курти-Вучиќ, која ја свика шефот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеф Борел, ќе учествува и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар./Алсат.мк
Адријан Керими