ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АА: 100 дена измама, 100 дена сиромаштија и манипулации

Првите сто дена од Владата, Алијанса за Албанците ги оцени како период во кој продолжува измамата на граѓаните и сагата на оваа држава. Пратеникот на Алијанса, Елми Азири, вели дека овие 100 дена, за жал, го зголемиле убедувањето на граѓаните, особено младите да ја напуштат државата. Азири рече дека во првите 100 дена од владеењето на Ковачевски има продлабочување на сиромаштијата, пораст на невработеноста, поскапување, а за сето ова владата нема одговор.

Advertisements

„100 дена повеќе измама, 100 дена повеќе лаги, 100 дена повеќе манипулации и уште 100 дена изгубена надеж за граѓаните. 100 дена подлабоко во корупција, 100 дена подлабоко во скандали, 100 дена подлабоко во организиран криминал, 100 дена продлабочување на неправдата, знаете 8% е доверба во системот, тоа значи дека дури и семејствата на судиите и обвинителите немаат доверба во судскиот систем во Северна Македонија“, Елми Азири, пратеник на АА

Додека од ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција велат дека 100-те дена на актуелната Влада се продолжение на владеењето и навиките од изминатите пет години.
Визард ВМРО ДПМНЕ

„Неспособност и криминал се зборовите што го опишуваат овој период, сега збогатен со нов долг од 900 милиони евра посветен на нова кражба или живот за функционерите во време на национална катастрофа. Толку се неспособни што по грешка ги изброиле 100-те дена кои се продолжение на петгодишната неспособност и криминал“.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека наскоро ќе излезат со детална анализа за актуелната власт. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button