ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
АА: „Антикризните мерки на Владата се тотален неуспех“

Алијанса за Албанците оценува дека антикризните мерки на Владата се тотален неуспех. Според опозициската партија, Владата бесрамно и без никаков аргумент прокламира дека од април до септември граѓаните и малите бизниси биле субвенционирани за струја.
Но, всушност, тие плаќаат највисоки цени на енергијата во регионот. Од Алијанса нагласуваат дека малите фирми што се снабдуваат од ЕВН се соочуваа со длабока економска криза, а не се предвидени економски мерки за да им се помогне. Алијанса за Албанците доставила предлози за справување со кризата, но власта ги игнорира. Се бара намалување на ДДВ-то за струја на 5%, да се субвенционира поставувањето на фотоволтаици и да се намали цената за снабдување со струја.