ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АА се сомнева дека Тетово нерегуларно распишало тендер за стадионот

Алијансата за Албанците се сомнева дека Општина Тетово нерегуларно го распишала тендерот за реконструкција на градскиот стадион. Флакрон Беџети од Алијанса бара градоначалникот Биљал Касами да даде подетални објаснувања за изградбата на двете нови спортски игралишта кои се предвидени со овој проект и дали и кога општината испланирала буџет за овие проекти.

Advertisements

„Како е можно транспортна компанија која имала загуби да распише тендер вреден милиони евра? Дали оваа јавна понуда е предвидена во програмата и во планот на општина Тетово во 2023 година кога се составуваше буџетот и истиот беше изгласан во Советот на општината? Дали е легално да се почне тендерската постапка без буџет и без финансиска конструкција кога самата општина генерира јавен долг, а компанијата работи со загуба“, вели Флакрон Беџети, Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button