ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Абази оформил предмет, но Боки 13 ќе биде сослушан од друг обвинител

Шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет откако Бојан Јовановски – Боки 13 му испрати допис со кој побара прием кај него за да поднесе кривични пријави и да му предаде „бомби“, јави Макфакс.

Advertisements

За новинската агенција од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), рекле дека предметот е распореден кај надлежен обвинител кој ќе го сослуша Јовановски и потоа ќе му реферира на Абази. Шефот Абази нема да го сослушува бидејќи, како што рекле, тоа треба да го направат избраните обвинители.

Јовановски, пак, во дописот бараше да биде изведен исклучиво пред Абази и во присуство на своите адвокати Владимир Туфегџиќ и Сашо Дуковски и наведе дека бара приемот да биде кај шефот на ОЈО ГОКК затоа што „единствено има доверба во него“.

Преку својот адвокатски тим, тој ги информираше медиумите дека сака да поднесе кривични пријави за коруптивни и криминални дејствија на личности од највисоки државни структури од политиката, правосудството, бизнис-елитата и други лица.

„Бомбите“ кои ги поседува, како што тврди, се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видеозаписи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button