РЕГИОН

Абазовиќ: Мојата безбедност е загрозена, но не ми треба посебна заштита

Абазовиќ: Мојата безбедност е загрозена, но не ми треба посебна заштита

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на обвинителите во Специјалното државно обвинителство на таа земја им дал изјава за шверц на цигари во Црна Гора, шема на поврзани лица и фирми. Како што изјавил пред новинарите, со уништувањето на шверцот со цигари се уништува и пирамидата на шверц на кокаин и влијанието на одредени структури во Црна Гора. Абазовиќ кажал и дека спомнал конкретни имиња.

Advertisements

„Морав да го покажам патоказот на шверцот со цигари во Црна Гора. Зборував за оперативни податоци и очекувам СДТ да истражи и да утврди дали тоа е вистина или не. Мојата теза останува – со уништување на шверцот со цигари се уништува и пирамидата на шверц на кокаин и влијанието на одредени политички структури за заштита на криминалците во Црна Гора. Ова е продолжен процес. Останува да видиме што можеме да направиме, на обвинителите им требаат повеќе информации, известувања. Почна мала грутка а треба да започне лавина која ќе биде многу добра за Црна Гора“, изјавил Абазовиќ.

„Секако дека зборував за конкретни имиња, сега го проширив списокот, не би кажал сега јавно што се, не се непознати имиња. Зборував и за имиња на фирми и поединци. Ја објаснував шемата и моето знаење кое го имав стекнато кога ја презедов функцијата вицепремиер, потоа почна приказната за сузбивање на шверцот со цигари. Оставив одредена документација, им дадов насоки, наведов неколку конкретни примери кои укажуваат на тоа. Дадов пример кој е поврзан и со претходниот СДТ, па нека истражат“, посочил Абазовиќ.

Тој додал дека е загрозена и неговата безбедност.

„Лично мислам дека мојата безбедност е загрозена откако ја започнав мојата последна работа. Нема да се правам жртва, не ми треба посебна заштита, не се плашам од никого“, изјавил Абазовиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button