МАКЕДОНИЈА

Ад хок телото не дало согласност за здружение со името на бугарскиот цар Фердинанд

Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности при именувањето на граѓански здруженија и фондации усвоило негативно мислење за употреба на иметот на бугарскито цар Фердинанд во името на здружение кое сака да го носи името на оваа историска личност и за чија регистрација неодамна беа поднесени документи за регистрација во Централниот регистер, велат извори за „360 Степени“.

Advertisements

Според извори на порталот, мислењето ќе биде доставено до Министерството за правда и ќе биде официјално соопштено во денеска или утре.

Станува збор за прв работен состанок на ова ад хок тело, ако се изземе конститутивната седница одржана на 5 октомври, што беше формирано од Владата по напливот на бугарски здруженија и клубови со контроверзни имиња на историски линости и соработници на фашистичката оска за време на Втората светска војна, што предизвика бран негативни реакции во јавноста.

Документите за регистрирање на здружение со името на цар Фердинанд се доставени до Централниот регистер, од каде неодамна соопштија дека тие се во фаза на разгледување и на овој став остануваат и понатаму.

Доколку се регистрира, ова ќе биде трето по ред бугарско здружение во земјава во текот на оваа година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button