ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Адем Амети од Тетово има визија за создавање технолошки и електронски иновации

Адем Амети, како ретко кој во земјата, успеа да направи дури 21 иновации, главно во областа на автомобилската технологија, но има и електронски иновации. Меѓу нив е и преместување на автомобилот од телефон, далечински управувач на телевизијата се до користење на системот Тесла во автомобил стар над четири децении. Тој започнал со иновациите во текот на студиите за мехатроника во Турција, а потоа иновациите станале неразделно хоби.

Advertisements

„Првиот проект беше палење на автомобил со „паметен телефон“, односно комбинација на контролорот со „паметен телефон“ преку „блутут“. Тоа беше почетокот. Но, вкупно објавени на социјалните мрежи има 21 проект кои се успешни. Беше проектот за мерење на отчукувањата на срцето, стартување на автомобил со свирче, звучен систем при влегување во автомобил, стапче за предупредување за слепи лица, возење на автомобил со контрола на рака“, изјави Адем Амети, иноватор.

„Во време на пандемија останавме без друга работа, така што ја изградивме корпата за отпадоци, што е повеќе за децата во основните училишта, да не ја допираат корпата за да не фатат вирус”, рече Адем Амети, иноватор.

Неговиот најдобар проект е кулминација на она што го постигна досега. Станува збор за микрочип, кој ќе се вметне во човечкото тело преку инјекција и ќе ги содржи сите биометриски податоци.

„Време е за микрочипови, бидејќи имаше многу дискусии за микрочипот Гејтс и другите контролори. Се вметнува овој микрочип во човечкото тело преку оваа инјекција. Овој микрочип е како прстен, не мора да носите ништо со нас, картички, клучеви од куќата, автомобилот, така што тоа е едноставно висока технологија“, нагласи Адем Амети, иноватор.

Единствената пречка на Адем е недостатокот на поддршка од државата.

„Како и обично, ниту се јавиле или да се заинтересираат за нешто. Знаеме како оди системот кај нас. Сè со лични финансии, лични проекти. Значи, големо жртвување е да се изградат вакви проекти“, изјави Адем Амети – Иноватор.

Адеми смета дека во иднина ќе ги комерцијализира овие проекти. Амети е професор во ДУТ, на Факултетот за мехатроника.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button