Адеми: Говорот на Силјановска како за 8 март
Адеми: Говорот на Силјановска како за 8 март

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми, говорот на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова го оцени како говор за 8 март. Адеми рече дека претседателката Силјановска веќе предизвикала криза меѓу Македонија и Грција бидејќи не го спомнала уставното име на државата.
„Освен што беше говор за 8 март, немаше ништо суштинско, ништо не беше споменато во однос на НАТО, ништо не беше споменато во однос на ЕУ и евроинтеграцискиот процес, ништо не беше споменато за добри меѓуетнички односи, Охридскиот договор воопшто не беше спомнат, не беше спомнат Договорот од Преспа, не беше спомнат Договорот за добрососедство, ниту честитките и беа упатени од претседателот на Косово, иако други жени лидери кои и честитаа беа споменати за избор за претседател“, рече Арбер Адеми, ДУИ.