СПОРТФУДБАЛ

Адеми и Таловиќ, последните засилувања во нападот на Беса

Новиот прволигаш Беса се засили со уште двајца нови фудбалери, кои треба да ја зголемат конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот.

Advertisements

После Алмир Реџепи, кој се врати од Шкендија, Беса ги доведе и црногорскиот напаѓач Данин Таловиќ, кој доаѓа од Сафа Бејрут од Либан, како и Илирид Адеми, кој беше член на Фероникели на Косово. Адеми има играно во неколку клубови од Македонија и од Албанија во досегашниот тек од кариерата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button