МАКЕДОНИЈА

Адеми: Потребата од ветинг е неопходност, тоа го потврдува и случајот со Мијалков

Неодамнешните случувања со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, според пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми, ја потенцираат потребата од ветинг во судството, Обвинителството и другите институции. Без да сака да го посочува виновникот за случувањата околу бегството и потоа појавувањето на Мијалков, тој рече дека Обвинителството имало можност на денот на завршните зборови да побараат куќен притвор за поранешниот шеф на тајната полиција.

Advertisements

„Не сакам да прејудицирам или да импровизирам што навистина се случило во тие 40 часа, верувам дека треба да дадат соодветни одговори институциите, но неодамнешните случувања ги потврдуваат нашите фер и неопходни политики за целосен ветинг. Проверка на судството и обвинителството и политичарите, политичката сцена. Ова е старо барање и старо инсистирање на ДУИ, како инаугуративна партија на овој концепт на ова решение, дека треба да се исчистат судството, обвинителството и другите институции и да се изрази професионализам. Како што знаете, во петокот беа завршни зборови и обвинителството може да побара куќен притвор од петокот“, рече Адеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button