
Вечерва во емисијата „Патот Кон“ беа поканети пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, потпретседателот на Движењето Беса Аријанит Хоџа и Илија Димовски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Адеми рече дека пристапот на ВМРО е да се создаде поларизација и поделеност.
„Затоа мислиме и имаме дилеми дека оваа иницијатива е намерно поднесена без стабилна правна основа, да биде отфрлена од спикерот Џафери и како резултат на тоа опозицијата создава поларизација во општеството, турбуленции, тензии и поделби“, рече Арбер Адеми, прашуван за отфрлањето на иницијативата за референдум од спикерот Џафери./Alsat.mk