ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Адеми за инцидентот: Тоа беше провокација на опозицијата

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбр Адеми денеска го коментираше вчерашниот инцидент за време на работата на собраниската комисија со која претседава и истакна дека тоа било провокација на опозицијата, која според него се заснова на странски агенди, кои имале за цел  дестабилизација на земјата.

„Пред сѐ, жалам за она што се случи синоќа на седницата на Комисијата за европски прашања и изразив жалење за сите оние сцени испровоцирани од опозицијата што се случија, а кои не требаше да се случат. Реформската агенда на ова парламентарно мнозинство, но и на Владата мора да продолжи, не смееме да станеме плен на нивните провокации кои се во функција на реализација на странски агенди за дестабилизација на државата но и за дефокусирање на граѓаните и на пошироката јавност од интеграциските процеси“, изјави Адеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button