КОШАРКАСПОРТ

Адетокоумпо подобар од Јокиќ, Далас славеше против Вашингтон

Милвоки Бакс во дербито на вечерта на домашен терен славеше против актуелниот шампион Денвер Нагетс со 112-95. Јанис Адетокумбо со 36 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Никола Јокиќ, уфрли 29 поени.

Advertisements

Лука Дончиќ го предводеше својот Далас маверикс до нова победа, овојпат против Вашингтон Визардс од 112-104. Словенецот натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 26 поени, 15 асистенции и 11 скока. Кај поразените Дени Авдија постигна 25 поени.

Феноменална ноќ имаше и Виктор Венбанјама. Тој во победата на Сан Антонио Спарс против Торонто Репторс во Канада од 99-122 запиша трипл-дабл учинок со 27 поени, 14 скока и 10 блокади.

Во останатите натпревари се постигнаа следните резултати: Кливленд – Филаделфија 121-123, Шарлот – Индијана 111-102, Атланта – Чикаго 126-136, Мемфис – Њу Орлеанс 87-96, Хјустон – Њујорк 105-103, Јута – Голден Стејт 107-129 и ЛА Клиперс – Минесота 100-121.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button