ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Администрацијата која беше ангажирана за изборите, ќе чека ребаланс

Актуелната власт си заминува без да ги плати изборните финансиски обврски. Државната изборна комисија од Владата побарала пари за да ги исплати изборните финансиски обврски кон членовите на избирачките органи и изборната администрација. За информацијата испратена на 11 јуни, ДИК сеуште не добила одговор. Од оваа институција велат дека новото барање ќе го повторат штом се формира новата Влада, поточно во последната недела од јуни.

„На 11 јуни 2024 година како ДИК апелиравме до Владата во заминување да ни издаде дополнителни средства за исполнување на сите обврски, но очигледно не е донесена одлука. Штом биде избрана новата Влада, повторно ќе се обратиме со барањето (информациите) да се обезбедат соодветни средства за плаќање на сите изборни трошоци“, наведуваат од ДИК.

Не е исклучена можноста во недостиг на средства, плаќањата за изборните обврски кон ДИК, во кои е вклучено организирањето на изборите и мониторингот, да бидат извршени по ребалансот на буџетот. Иако за ова треба да се очекува подготвеност на идната Влада. Извршната власт во заминување е должна на ДИК да плати околу 7,2 милиони евра трошоци за изборните процеси. На изборите на 24 април и 8 мај беа ангажирани околу 35.000 луѓе. Од нив околу 20.000 се од државната администрација и уште 15.000 од политичките партии.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button