СВЕТ

Администрацијата на Бајден најави изградба на ѕид на границата со Мексико

Администрацијата на претседателот Џо Бајден соопшти дека повлекува 26 федерални закони за да се овозможи изградба на ѕид на границата со Мексико, и ова е првпат администрацијата да користи извршна власт за решавање на проблемот со имигрантите често користена од претходникот Доналд Трамп.

Advertisements

Исто така, одлуката е во спротивност на пораките од кампањата на Бајден во 2020 година за окончување на изградбата на ѕидот започната од Трамп.

За ова се дозна од соопштение објавено доцна синоќа од Федералниот регистер (Службен весник) на САД, во кое се даваат детали за изградба на ѕид во округот Стар, Тексас, дел од оптоварениот сектор на пограничните безбедносни служби со „висок број на нелегални преминувања“. Според владини податоци, за фискалната 2023 година биле забележани 245 000 нелегални влегувања во секторот на долината Рио Гранде што содржи 21 округ.

„Постои акутна и итна потреба за изграба на физички бариери и патишта во близината на границата на Соединетите Држави за да се спречат нелегалните влегувања во Соединетите Држави во областите на овој проект“, соопшти Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button