ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Адмирим Алити министер за администрација во Владата на Ковачевски?

Адмирим Алити од Алтернатива, во „Патот кон“, одговори на прашањето дали ќе биде министер за администрација во Владата на Ковачевски, пишува Алсат.
Тој рече дека се уште нема име за ниту една институција што се очекува да ја преземе Алтернатива.
„Вистината е дека одлучувачкото тело на партијата се уште не ја исцрпила дебатата кој да биде, каде да не претставува. Она што беше дискутирано е дека треба да ја направиме најдобрата проценка за секоја институција, во смисла дека тој човек најдобро не претставува како Алтернатива, но и државата. За ниту една институција не се знае име“, рече Алити. / Алсат.мк