ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Адвокат: Уставен да утврди одговорност кај МВР за патните исправи

Поради хаотичната состојба со издавањето на лични документи, адвокатот од Струга, Глигорие Ќатоски, поднесе иницијатива до Уставен суд за заштита на слободата и правата на граѓаните. Тој бара одговорност од МВР бидејќи и по стапувањето во сила на Преспанскиот договор на граѓаните им биле издавани лични карти и пасоши со старото име, иако знаеле дека треба да ги издадат со новото име.

Advertisements

„Со овие дејствија на МВР, а дополнително и со последното соопштение кое се однесуваше и на возачките и сообраќајните дозволи, за што не бевме навремено известени, самата држава односно министерството нѐ доведе до ситуација значително да ни биде ограничена слободата на движење во и надвор од државата. Со што сметам дека значително е загрозено и уставно загарантираното право за слбодно движење. И со тоа државата нѐ поставила во дискриминирачка положба во однос на граѓаните кои извадиле документи од втората половина на 2021 година кога МВР за прв пат почнува да ги издава овие документи со новото име“, вели Глигорие Ќатоски, адвокат.

Ова претствува можност вели адвокатот сите граѓани кои се чувствуваат загрозени во своето право на слободно движење да добијат соодветен надмоест на штета за повредите кои ги претрпеле.

„Ова ќе биде основа за потоа да може да се поднесе и соодветна постапка за надомест на штета пред судовите во државата“, вели Ќатоски.

Граѓаните сметаат дека ова што се случува е на нивна штета.

„За возачките и сообраќајните дозволи добро е што ја средија работата, но некој веќе платил, некој се задолжил за да ги извади“…

„Јас мислам дека колку што државата е крива, толку сме и ние криви, затоа што ние чекаме во последниот ден. Ова е две три години, кога ние требаше да ги спремаме овие документи. Одеднаш ова е бомба. Државата наша толку има сила, милиони документи треба да се вадат“, реагираат граѓаните.

Адвокатот Ќатоски вели дека ова е едно од ретките барања кои се поднесени против дејствија на одреден орган што со деловниот за работа на Уставен е дозволено.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button