МАКЕДОНИЈА

Адвокати: Обвинителството не докажа вина за Јанакиевски во „27 април“

Завршен збор за случајот „организатори на 27 – ми април“ на адвокатите на обвинетиот Миле Јанакиески. Одбраната во судница посочи дека поранешниот министер за транспорт и врски никаде не е споменат дека организирал протести, ниту пак дека дека организирал насилство. Претходно во завршен збор, ослободителна пресуда побараа обвинетите Трајко Вељаноски и Спиро Ристевски.

„Сметам дека доказите изведени во текот на главната расправа како материјални и вербални во целост ги побиваат наодите на обвинителството посебно што дејствијата на извршување кои се ставаат на товар на обвинетиот Миле Јанакиески во ниту еден елемент не ги исполнуваат посебните обележја на битието на ова дело“, рече адвокатот Александар Новаковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button