СВЕТ

Адвокатите на Алексеј Навални осудени на неколку години затвор

Тројцата адвокати кои го застапуваа рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска се осудени во Русија на казни од 3,5 до 5,5 години затвор. Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липцер беа уапсени во октомври 2023 година, а еден месец подоцна беа додадени на официјалната листа на „терористи и екстремисти“, пишува Дојче веле.

Адвокатите се обвинети за припадност на екстремистичка организација. Мрежите поврзани со Навални беа прогласени за екстремистички по пресудата од 2021 година со која беа забранети неговите организации како екстремистички групи.

Навални почина ненадејно во арктичка затворска колонија минатиот февруари. Тој, исто така, беше осуден за екстремизам и други обвиненија, кои ги негираше. Неговата сопруга, Јулија Навалнаја, ги опиша адвокатите како политички затвореници, велејќи дека тие биле уапсени само затоа што ја вршеле својата работа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button