ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Аерозагадувањето веќе се чувствува во Скопје

Загадено е, но и лошо мириса. Ваква е состојбата во Скопје кога достигнува пикот на аерозагадувањето. Се препорачува од дома да не се излегува, а просториите да не се проветруваат често. Сепак, доколку имате потреба да излезете од дома понесете си маска за да се заштитите од ПМ честичките во воздухот.

Ужасна глетка на Скопје. Вака изгледа градот кога мерните станици покажуваат високо ниво на аерозагадување. Скопјани вчеравечер се гушеа во смог и магла. Низ улиците полу – празно, раздвижување низ градот речиси и да немаше. Од Владата кои ја презедоа обрската за почист воздух, тврдат дека е рано да се преземат краткорочни мерки. Ќе чекаат два дена по ред да бидат измерени повеќе од 175 микрограми ПМ 10 честички во воздухот, а досега тоа не е случај. Според Владата, досегашните мерки за почист воздух даваат резултати.

 Влада

„Се забележува тренд на опаѓање на просечните годишни концентрации на ПМ10 што се кои се должи на преземените мерки од страна на институциите на централно и локално ниво.

Но, според екологистите, не се преземаат доволно мерки. Граѓаните негодуваат дека допрва ќе биде високо нивото на загадување.

 „Магла има, загушчиво е… Поготово луѓето што се со бронхитис нема шанси да живеат. Тоа е страшно! Нели ветуваше премиерот ќе очистиме воздух, каде е да очисти? Ајде нека го очисти. Страшно. Многу е загадено.

„Можеме маската да ја носиме за загадувањето. – Што чувствувате? – Ништо, само така осеќам, тоа не се решава за еден ден. Би било подобро да е почисто“

„Никогаш не сме имале суво грло. И ноќта спиеме, ама сега навечер кашламе бидејќи грлото е суво, мора да станеш вода да пиеш. Јас не знам, порано многу убаво беше“

„Лани беше позагадено. – А, сега? – Не осеќам уште“

Типично за скопската котилина – маглата и оваа сезона ја има во метрополата. Цели скопски населби не се гледаат од Водно, што од маглата, што од смог. Скопје е загаден град и преку ден, а грејната сезона почна само пред 11 дена.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button