ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Африм Фидани и официјално е претседател на Врховен

Судијата Африм Фидани и официјално е претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија откако денеска даде свечена заклетва во Судскиот совет.

Advertisements

„Изјавувам и се колнам дека функцијата претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија суд ќе ја вршам чесно, совесно независно и одговорно, ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија и дека ќе ги почитувам слободите и правата на граѓанинот“, е свечената изјава што ја даде Фидани, повторувајќи по претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Фидани и „де јуре“ стана шеф на највисокиот суд во државата по повеќе од еден месец откако беше избран на функцијата на седница на Судскиот совет.

„За“ избор на Африм Фидани за претседател на Врховниот суд на 26 мај гласаа осум членови на Судскиот совет. Тоа е и минималниот број на потребни гласови. Петмина членови на Советот беа против, вклучувајќи го и актуелниот претседател на „судската влада“, Александар Камбовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button