ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Африм Фидани, нов претседател на Врховен суд

Африм Фидани, нов претседател на Врховен суд

Судијата Африм Фидани е нов претседател на Врховен. Со осум гласа „ЗА“, судскиот совет му даде доверба на Фидани кој освои повеќе гласови од неговата противкандидатка, Беса Адеми, досегашната претседателка на Врховен, која не успеа да дојде до втор мандат. За поголемиот дел од членовите на судскиот совет, акцискиот план на Фидани за работата на Врховен кој вклучува поголема транспарентност и отвореност кон јавноста, бил клучен фактор тие да гласаат за него.

Advertisements

„Доколку биде избран кандидатот наведува дека ќе биде формиран орган кој ќе има задача да ја следи и оценува работата на судот и да изготвува редовни извештаи за транспарентноста. Тоа ми е значајно, затоа што овој мониторинг ќе биде значаен, ќе се отвораме пред јавноста. Нема знаете во исклучителни случаи, ние ако сме лично засегнати или поединци ако се засегнати само тогаш. Овој орган ќе ја мониторира, следи работата и понатаму ќе постапува„, рече Весна Дамева, член на судски совет.

Беса Адеми доби само два гласа за, а членовите на судски најмногу ја критикуваа поради тоа што Врховен не бил доволно транспарентен, но и поради нејзиното отсуство на седниците на советот.

„Во минатото општо познато ни е дека се следеа седниците на судскиот совет, како што рекоа колегите, претседателот тогашен, сега судијата Беса Адеми не доаѓаше на поканите и мислам дека на тој начин се смали довербата на јавноста и во судскиот совет и во врховниот суд и општо врз однос на јавноста„, рече Џенета Бектови.
Адеми беше претседателка на Врховен изминатите четири години, а посебно внимание во јавноста

привлече пред две години, кога членот на судскиот совет Миљазим Мустафа поднесе иницијатива за нејзино разрешување поради тоа што неоправдано не доаѓала на седниците на советот, но и поради интервју во кое јавно проговори за политичките притисоци врз судството. Сепак, под притисок на јавноста, судскиот совет ја запре постапката и таа продолжи на функцијата претседател се до март годинава кога истече нејзиниот мандат. Африм Фидани пак е врховен судија од 2017 година, а претходно шест години работел како судија во Апелациониот суд во Скопје./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button