ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Африм Гаши бил на Косово, но не ја кажува причината

Неточни и тенденциозни тврдења на одредени медиуми – така кабинетот на Африм Гаши ги нарекува информациите за неговото патување за Косово со конвој службени автомобили, за што беше објавено и видео.

Advertisements

„Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детаљ функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата. Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата“, пишува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

На крајот од соопштението се повикуваат надлежните да ја потврдат оваа информација – дека сите постапки биле во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието.

По објавата на видеото реагираше ЛДП која праша дали Гаши со себе носел патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди, како што се тврдеше во одредени медиуми, по невеста со службено возило надвор од државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button