ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Африм Гаши со службен автомобил оди да земе невеста во Косово

Африм Гаши со службен автомобил оди да земе невеста во Косово

ВРЕДИ не гледа ништо нелегално или неетичко во патувањето на претседателот на Собранието на свадба во Косово, придружуван од службени автомобили .Според нив, тоа што службениот автомобил на претседателот на Собранието и другите автомобили што го придружуваат од безбедносни причини се дел од конвојот што оди по невестата, е дел од традицијата.

Advertisements

СДСМ ја смета постапката на вториот човек во државата понижувачка за државата. Според нив, точно е дека обезбедувањето треба да го придружува претседателот на Собранието во секое време, но тој самиот, за приватни работи, треба да патува со приватен автомобил.

Според ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието треба да биде придружуван во секое време. Од таму возвратија со некои скандали на претходната власт.

„Носител на функција како Африм Гаши се следи од неопходен протокол и постојана придружба. Напротив, да биде непридружуван и необезбедуван е санкционирано дело. Оваа земја има институции. Тешко е да се разбере СДС затоа што во нивно време министрите играле фудбал во канцеларија во работно време, полицијата пукала во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски им делеше пасоши на мафијаши. Времето на лични желби заврши со промената на власта“, велат од ВМРО.

Ден претходно од Кабинетот на претседателот на Собранието Гаши наводите беа наречени неточни и тенденциозни, но не ги демантираа објавените снимки. Тие не негираат дека Гаши и службените автомобили што го придружуваат се дел од автомобилите што ја преминале границата за свадбата во Косово. Сепак, велат дека патувањето на Гаши со семејството било во согласност со законските правила и безбедносните протоколи.

„Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, секако согласно законот. Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година заедно со своето семејство отпатува во Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна, со сите потребни безбедносни процедури. Пред поаѓањето беа известени Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи и беше доставена целата потребна документација согласно протоколот за секое службено лице кое ја напушта земјата“, велат од Кабинет на претседателот на Собранието, Африм Гаши
Досега од Собранието не го објавиле налогот за патување на Гаши во друга земја од приватни причини./Aлсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button