ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Африм Гаши за Алсат: Не сум се сретнал со Зоран Заев

По шпекулациите во јавноста за евентуална средба помеѓу Африм Гаши од Алтернатива и премиерот Зоран Заев, Алсат стапи во контакт со првиот човек на Алтернатива, Гаши, кој демантираше каква било средба со Заев.
„Не, не сум се сретнал со Заев“, рече Гаши.
Тој само потврди дека денеска свикал состанок на потесното раководство на партијата.
„Денеска ќе го одржиме редовниот состанок на партијата, ништо повеќе“, изјави Гаши за Алсат.